Јарците се многу колегијални личности и добри пријатели, иако понекогаш се посесивни и склони кон љубомора. Тие ги ценат традиционалните вредности, а семејството и домот секогаш им се приоритет.
Секогаш можете да се потпрете на припадниците на овој хороскопски знак, бидејќи тие се верни и дисциплинирани. Нив често ги одликува промена во расположението.
Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да планираат однапред, а не сакаат многу изненадувања. Препознатливи се и по тоа што цврсто стојат на земја, а никој не сака да ги има за пријател, затоа што може да бидат многу опасни. Тие се амбиициозни, желни за успех, практични, опседнати се со работата, остроумни, внимателни и многу упорни.
Материјалната сигурност им е многу важна а одлично стојат кога е во прашање финансиската состојба, затоа што се штедливи и ретко кога си дозволуваат раскош.
Среќни броеви им се: 6, 8 и 9.