Ако избирате подарок за Водолија, тогаш тоа ќе ви биде лесна задача: Одлучете се за нешто што не би го купиле на некоја друга жена.
Важно е да сфатите дека под нејзината цврста надворешност се наоѓа вистинска жена која сака да ја изненадите на романтичен и убав начин. Тоа не значи дека премногу ќе се израдува на стотина црвени рози, или пак вечера со свеќи. Иако ќе го цени и овој гест, сепак, најдобар избор се поневообичаени подароци.
Доколку сакате да ѝ подарите нешто што ќе ѝ користи, тогаш изберете некој нов технолошки пронајдок во виолетова или сребрена боја. Исто така можете да ѝ подарите и добра книга (ако знаете каков жанр сака), а исто така ќе цени и ако ѝ подарите нешто каде што ќе може да ја изрази својата креативност. Е тогаш ќе го видите нејзиното вистинско воодушевување!