Ми беше голема чест да те носам во стомакот – ќе се растопите од емотивната порака што ја доби Бијонсе од својата мајка!
Роденденска честитка што го запали Инстаграм
Една од најголемите светски музички ѕвезди, Бијонсе, пред го прослави својот 37 роденден и по тој повод доби голем број честитки. Но, на онаа која што и ја прати нејзината мајка сигурно ќе се сеќава засекогаш.
https://www.instagram.com/p/BmI2-WKlyIl/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Имено, Тина Ноулс, мајката на популарната пејачка, напиша порака на својата ќерка со која ги разнежи нејзините обожаватели.
https://www.instagram.com/p/BnSTSEVhgn-/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
„Веќе ти е роденден. Па, среќен роденден на најљубезната сопственичка на најубавото, најдарежливото, најнежното срце. Дадов завет дека ќе те сакам и дека ќе внимавам секој ден на тебе се до крајот на мојот живот. Понекогаш не можам да верувам дека Бог од сите неверојатни луѓе на овој свет ме избра токму мене да бидам твоја мајка“, напиша Тина и ги воодушеви обожавателите на пејачката кои коментираа дека и фотографијата што ја објавила и на која е Бијонсе како малечка е една од најубавите што ја виделе во животот.