Кога се во прашање козметичките производи, сите ги сакаме најмногу оние кои делуваат во моментот, иако тоа не е возможно.
На повеќето производи за нега на лице и тело им треба време за да почнат да делуваат и да дадат видливи резултати. Затоа најчесто за магијата да почне да делува потребно е трпение, но еден скап производ би требало да дава моментални резултати. Во прашање е тоник за чистење на лицето кој лесно веднаш можете да го препознаете дали ви одговара или не.
„Промените би требало да ги почувствувате веднаш. Ако вашата кожа и по сушењето е многу сува, тогаш тоникот што го користите прегруб за неа и ви треба понежен. Лицето по секое чистење треба да ви биде нежно и меко“, советува дерматологот Мона Гохар
Секако тоа не значи дека сите ваши проблеми ќе ги решите веднаш по првото чистење на лицето. За тоа сепак треба време, но промените би требало да ги забележите веднаш.