Еден од омилените модните детали на секоја жена е квалитетната, модерна чанта. Добрата вест е тоа што оваа есен не треба да банкротирате за да бидете во тренд.
Она што ви треба е чанта која на вашиот стил ќе ѝ додаде нов, свеж изглед. Всушност, ако судиме според актуелните колекции од големите дизајнерски имиња, оваа есен повторно ќе бидат во мода чантите од деведесеттите, таканаречени „педерки“.
Иако трендсетерките ги обожаваат веќе неколку сезони, сепак, на остатокот од светот му требаше малку повеќе време за повторно да се заљуби во овие чанти, а пак модните експерти предвидуваат голема популарност оваа есен. Време е и вие да се заљубите во овие практични и тренди чанти.
За вас издвоивме неколку од најубавите модели за оваа есен 2018 година.