Жените преку лето многу почесто користат тампони бидејќи се попрактични од хигиенските влошки, особено кога треба да одат на плажа. Но дали тампоните можат да се користат ноќе? Еве што велат гинеколозите за тоа …
Најважно правило кај тампоните е редовно да се менуваат, односно попрецизно на секои 4-5 часа. Тоа е важно особено преку летниот период кога жените почесто ги користат тампоните. Но користењето тампони во текот на ноќта не се препорачува бидејќи тогаш стои предолго и го зголемува ризикот од појава на инфекции. Тампонот кој предолго се користи може да претставува совршено место за бактерии кои инаку се присутни во овој дел од телото и „само чекаат“ погоден момент да се размножат.
Од друга страна предолгото користење на ист тампон може да предизвика и токсичен шок синдром чии симптоми се висока температура, хипотензија, осип, па затоа гинеколозите препорачуваат жените што користат тампони кога одат на спиење да ги заменат со хигиенски влошки.
Исто така важно е да се укаже на уште една грешка што ја прават жените за време на топлите летни месеци. Имено, без разлика дали се бањате во море или базен, доколку користите тампони важно е истиот да го промените штом ќе излезете од водата. Конецот намокрен со хлор, солена или речна вода може да предизвика иритација на кожата.