Најстарата ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит од мала сака да биде момче. Сега има 12 години и не се грижи премногу за стереотипите
Анџелина Џоли и Бред Пит имаат шест деца во семејството од кои близнаците Нокс и Вивиен и ќерката Шејло се нивни биолошки деца.
Светските медиуми будно ја следат русокосата Шејло која полека влегува во тинејџерските години, а за која нејзините родители велат дека повеќе би сакала да биде момче. И додека адвокатите на Анџелина и Бред се потат во судница и натпреваруваат кој ќе извлече подобри услови за старателството над децата, познатата мама на повеќечленото холивудско семејство се обидува на своите деца да им обезбеди мирно и убаво детство. Таа неодамна беше забележана како оди во шопинг со 10 годишниот син Нокс и 12 годишната Шејло која од мали нозе го привлекува вниманието на медиумите. Кога имаше само три години Бред Пит откри дека неговата биолошка ќерка повеќе носи машка облека и дека сака останатите во семејството да ја викаат Џек.
„Таа се уште се облекува како момче. Таа сака да биде момче. Моравме да и ја скратиме косата. Мисли дека е дел од машката екипа во семејството“ изјави во една пригода и Анџелина Џоли. Исто така минатата година во медиумите почнаа да кружат гласини дека Анџелина и Бред ќе му дозволат на своето дете да започне со хормонски третмани како во иднина полесно би можела да направи трансформација.
И додека 43 годишната Анџелина се шеташе со нив облечена во „тешки“ црни парчиња, 12 годишната Шејло која неверојатно личи на своите родители, баш како и близнаците Нокс и Вивиен кои од мама ги наследија усните, а од тато очите и косата, носеше кафеави бермуди, бела маица и црни патики со кои навистина потсетуваше на момче.