Познатата актерка и сопруга на пејачот Џастин Тимберлејк, Џесика Бел, во моментов ја промовира новата сезона на нејзината серија „The Sinner“, а при гостувањето во емисијата на Стефан Колберт ги изненади сите со својот елегантен и женствен стајлинг.
Имено, 36 годишната Џесика за гостувањето во познатото телевизиско шоу избра интерен модел на црвено-бел фустан со едно раме со кој максимално ја нагласи својата убава линија. Во прашање е модел со потписот на колумбиската дизајнерка Џоана Ортиз кој се истакнува со детаљот на грбот и впечатливиот црвен цветен дезен каков најчесто го гледаме на јапонскиот порцелан.
Џесика интересниот фустан го комбинираше со бели високи потпетици со потписот на генијалниот Кристијан Лобутин, децентен накит и црвена плико чанта.