Жената родена во овој хороскопски знак претставува најинтересна личност за љубов, но и за секс, при што мажите буквално „се лепат“ за неа. Оваа жена е многу женствена и провлечна и има посебен поглед. Таа е идеална сопруга за богат и успешен маж, кој кон неа ќе се однесува заштитнички. Често изгледа многу егзотично, но не е ниту толку кршлива колку што изгледа.
Како жена, таа е добар слушател, има повеќе пријатели и способна е да внесе хармонија во семејниот живот. Една од нејзините најсилни особини е талентот за хармонија и слога. Кога еднаш ќе се омажи, таа не ги занемарува своите куќни обврски, а притоа на сопругот и децата им ја пружи сета своја љубов.
Жената Вага секогаш изгледа привлечно, па не е ни чудно што секогаш има свои обожаватели кои со нетрпение го очекуваат нејзиното внимание. Меѓутоа, таа е сосема способна да ги избалансира работите и никогаш не дозволува флертот да излезе од контрола. Овој тип жени не поднесуваат скандали, но бидејќи се многу привлечни, понекогаш животот им е покомплициран од на останатите жени. Нејзиниот однос кон брачниот живот е задоволувачки, па може да се каже дека таа е најдобра сопруга во вистинска смисла на зборот.