Реклама
Холивуд

Што се случува со Меланија?

Реклама

Уште едно нетипично издание за првата дама на Америка

Првата дама на Америка е позната по својот беспрекорен моден вкус, но и во тоа дека не штеди кога е во прашање облеката, па без пардон го носеше богато украсениот капут од „Dolce&Gabbana“ вреден 50 илјади долари поради кој предизвика револт особено меѓу критичарите на нејзиниот сопруг, а најевтините парчиња што ги има носено откако се пресели во Белата куќа дефинитивно се нејзините патики – белите старки и култните адидаски Стен Смит.

Маркетинг

Исто така ретки беа моментите во кои можевме да видиме како убавата Словенка ги рециклира своите претходни изданија, како што тоа често го прават дамите од кралскиот двор како Кејт Мидлтон и шпанската кралица Летиција.

Маркетинг

Меланија исто така досега не се грижеше премногу за критиките дека премногу троши на облека, туку секоја прилика ја користеше да се покаже во дизајнерски парчиња, и тоа најчесто со потписот на познатите европски модни куќи меѓу кои доминираа „Dior“ и „Dolce & Gabbana“.

Затоа навистина е вистинско изненадување кога поранешната манекенка ќе се појави во нешто што веќе го носела, се до неодамна кога тоа се случи дури двапати.

Имено, таа минатиот викенд на една прослава се појави во светло розов коктел фустан од „Monique Lhuillier“. Истиот фустан го носеше и пред една година и тоа за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг Доналд Трамп во американската сојузна држава Охајо.

Само неколку дена покасно Меланија се појави во уште едно рециклирано издание, овој пат на вечера со генералниот директор на Ејпл, Тим Кук. Таа за оваа пригода носеше впечатлив црно бел фустан со риги, со асиметричен крој и со потписот на американскиот дизајнер Адам Липес во кој се појави при крајот на март оваа година кога ја пости болницата за деца во Палм Бич на Флорида.

https://www.instagram.com/p/BmWnGxuh6Oz/

Оваа комбинација очигледно и се допадна многу па одлучи да ја повтори и овој пат на вечерата со Кук, кога со впечатливиот фустан го носеше и истиот црн ремен и црните високи потпетици што ги „фураше“ и пред неколку месеци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button