Реклама
Нега и здравје

Како да ги ублажиме непријатните изгореници од сонцето

Реклама

Понекогаш кога брзаме да добиеме убав, поцрн тен може да ни се случи да претераме со изложување на штетните сончеви зраци, поради што настанува црвенило на кожата, односно изгореници.

Најосетливи се оние со посветол тен и децата, но дури и потемните луѓе не се имуни на оштетување на кожата предизвикани од ултрацрвените UVA и UVB сончеви зраци. За да го избегнете ова сценарио, ви предлагаме пред да се изложите на сонце да се заштитите со крема со заштитен фактор и да го избегнувате сончањето од 11 до 16 часот. Имајте на ум дека и кога е облачно, можете да добиете изгореници ако не сте заштитени.

Маркетинг

Еве како можеме да си помогнеме во случај на изгореници:

Купка од овесни снегулки

Една шолја овесни снегулки ставете во блендер или миксер и мешајте се додека не станат како гладок прав. Потоа наполнете када со млака вода, додадете ги овесните снегулки и промешајте убаво.

Маркетинг

Влезете во кадата и опуштете се половина час. Ако не сакате купки добиениот прав измешајте го со вода и направете облози и на секои три часа држете ги околу 15-тина минути на зафатените подрачја.

https://www.instagram.com/p/BmbeXxohLOp/

 

Јогурт

Изгорениците од сонце можете да ги ублажите и со јогурт. Ова всушност важи за една од најпознатите методи – јогуртот нанесете го на кожата и по 15-тина минути измијте. Јогуртот ќе ја намали болката, печењето и чешањето.

Оцет од јаболко

Болката, црвенилото и иритираните делови ќе ги смирите и со купка од оцет од јаболко бидејќи ја лади кожата и брзо воспостава pH рамнотежа. Во када додадете една шолја јаболков оцет и опуштете се 20-на минути.

https://www.instagram.com/p/BmMBW56l8vK/?tagged=sun

Измијте со вода и избришете се внимателно.

Исто така многу е важно да се нагласи и дека би требало да избегнувате излагање на сонце додека изгорената кожа потполно не закрепне, а телото дополнително хидратизирајте го со вода и незасладени чаеви.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button