Дизајнерите се изјаснија за омилените нијанси: Палета на бои кои ќе ги носиме во текот на есен/зима 2018
За да можете совршено да се вклопите и на поиските температури кои наскоро ќе дојдат, започнете уште веднаш со подготовки за поладната сезона. Фокусирајте се на класични парчиња облека и одберете ги во најпопуларните бои за кои веќе се изјаснија дизајнерите. За почеток, заборавете на црната боја.
Одберете жолта боја ќе го осветли вашиот гардеробер. За наредната сезона, најчесто ќе ја пронајдете на зимските панталони.
Потоа, популарност бележи и темно портокаловата боја која владееше на престижните ревии. Идеална е и топло ви ја препорчауваме за оваа есен.
Уште една боја која е во игра оваа сезона е виолетовата. Лесно можете да ја искомбинирате, а истовремено да бидете модерни.
Што се однесува до класичните неутрални бои, исто така едноставни за комбинирање, тука се безвременската сива, плава и бојата на виното.
Покрај ова, маслиновата боја е повторно актуелна. Без разлика дали ќе доминира во вашиот изглед или ќе ја носите на малите детали, таа совршено ќе одговара на времето кое доаѓа.