Никако не ви советуваме целосно да го отфрлите овошјето од вашето секојдневно мени, туку да ги ограничите порциите кои ги јадете. Доколку сакате да го намалите внесот на шеќери со цел побрзо и поефикасно да ослабнете, тогаш држете се подалеку од следниве видови овошја и послушајте ги советите на нутриционистите кои предложуваат ова овошје да го замените со малини, боровници или јаболки.
Конзервирано овошје со дополнителен шеќер
Ова овошје може да биде идеално за вашата диета, но само ако не е пакувано во сируп кој содржи дополнителен шеќер. Избирајте конзервирано овошје во вода или во сопствен сок.
Суво овошје
Малите количини суво овошје може да бидат одлична ужина богата со хранливи влакна и протеини, но, имајте предвид дека сувото овошје е покалорично од свежото, затоа што содржи многу повеќе шеќери. Затоа, секогаш кога имате можност одлучете се за свежо, наместо за суво овошје.
Банани
Иако се многу здрави, бананите не се најдобриот избор доколку сте на диета. Една голема банана има 17 грама шеќери и дури 120 калории.
Лубеница
Ова овошје е многу богато со вода, но и покрај тоа, во едно парче лубеница се крие и до 17 грама шеќер.