Пејачката Кајли Миног има 50 години, но најверојатно нема да и дадете повеќе од 30.
Еве неколку едноставни правила за нега на кожата на лицето до кои се придржува познатата пејачка која во медиумите е позната и како „џебна Венера“.
„Знам дека ова може да звучи како досадна информација, но мој совет е редовно да нанесувате заштитна крема, да го чистите лицето со марамчиња наменети за тоа и секогаш да ја тргате шминката пред спиење“, изјави Кајли.
https://www.instagram.com/p/BlKZSZ0ncwB/?taken-by=kylieminogue
Покрај овие три едноставни правила, Кајли советува повремено, кога имате време и пари, да одите кај дерматолог на по некој третман.
https://www.instagram.com/p/BV_z8L6FQSh/?utm_source=ig_embed
Таа порано има откриено дека е голема обожавателка на третмани за лице со радио бранови, со кои ја зацврстува кожата и го враќа сјајот. Еден третман трае околу еден час, а пејачката најчесто ги прави на неколку месеци.
https://www.instagram.com/p/BkN2gSqnUrl/?taken-by=kylieminogue
Исто така нејзина блиска пријателка за „Дејли мејл“ во една пригода изјави дека пејачката сака неинвазивни третмани и дека третманот со радио бранови е безболен, ве опушта максимално и е далеку поприроден од ботокс.
https://www.instagram.com/p/BgY1sTeHctJ/?taken-by=kylieminogue
Кајли верува дека токму овој третман ги отстранува и годините од нејзиното лице, и притоа не и дава замрзнат, неприроден изглед, откри пријателката.