Ако изненадно ве заболи заб, секако, треба да се обратите кај стоматолог, зашто тоа никогаш не е добар знак. Но, што да правите доколку тоа ви се случи во текот на ноќта или додека сте на летување? Постојат едноставни начини и средства кои ќе ви помогнат да ви помине болката.
Најчесто посегнуваме по аналгетици, но исто така делотворен се покажал и мразот кој треба да го држите на лицето околу 15 минути. Исто така може да се обидете со една кафена лажица сода бикарбона и вода, така што добро ќе ги промешате и ќе ја измивате устата. Исто така можете да употребите и две лажици жалфија, нане или камилица, така што откако ќе постои оваа течност да ја испирате устата.
Сите овие трикови се лесно применливи и на децата кои се жалат од забоболка, а на возрасните им преостанува уште едно решение – во устата да стават алкохол.