Што мислите дали постојат обувки што можете да ги носите како по дома, така и на диско?
Не, не мислиме на патики, туку на популарните гумени папучи поради кои нема да врескате кога ќе се враќате од излегување бидејќи нозете ви се отечени. Во прашање се популарните папучи „кроксерки“, но овој пат со потписот на луксузниот бренд Баленсијага кои би можеле да бидат голем хит оваа сезона. Обоени во каприциозна розова боја, украсени со интересни детали во предниот дел овие нови летни „крокс“ сандали изгледаат поприлично симпатично.
Единствениот проблем е што за истите треба да издвоите едно цело мало богатство – односно околу 645 фунти.
Но доколку не сте во фазон дека морате да носите само брендирани обувки, тогаш не заборавајте дека слични модели можете да најдете и на повеќето популарни интернет продавници како што е на пример Амазон и тоа за многу попристојна цена со се вклучена испорака.
Balenciaga
Па, што велите за овој тренд?
High heel Crocs… You are monsters #crocs #fashion #JurassicPark pic.twitter.com/02bdeifWEY
— Lolo (@TheLoMo) July 12, 2018
Nana just bought me high heel crocs. #ohdamn #whatchoutboys pic.twitter.com/taz7hodAiX
— Lauren (@Lauren_Odonnel) July 5, 2013
Okay everyone brace yourself. I found high heel crocs in my size and on sale. pic.twitter.com/rFGSzKXg5W
— Madison (@madisonanna33) June 11, 2017