Корејките знаат многу трикови како да изгледаат беспрекорно, а во продолжение ви принесуваме дел од нив.
Правилото на 10 секунди
Со цел вашата кожа да изгледа чиста, здрава и свежа, нанесете хидратантна крема 10 секунди после туширањето. Се прашувате зошто? По туширањето порите се отвораат, па кремата се апсорбира побрзо.
Пена за бричење против акни
Нанесете пена на чисто лице и лесно масирајте ја со прстите. Држете ја така 5-10 минути, а потоа исплакнете. Жените од Кореја сметаат дека машката пена за бричење е еден од најдобрите лекови за аките затоа што поседува антисептички својства.
Солен тоник за лице
Рецептот е едноставен: Ставете 1 лажичка морска сол во 1 чаша топла вода, па добро промешајте. После секое чистење на лицето, избришете ја кожата со памучна крпа која претходно сте ја натопиле со овој тоник. Морската сол ја дезинфицира кожата, постепено ги отстранува митесерите и ги ублажува воспалените површини, при што вашето лице ќе изгледа посвежо.