Почина Никола Саздовски, младиот комита што беше претепан во Автокоманда
Младото момче од навивачка група “Комити”, Никол Саздовски, кое беше избодено со нож на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“, почина денеска на КАРИЛ објавија денес повеќе медиуми, но и негови другари и роднини на социјалните мрежи.
Момчето кое десетина дена било во тешка здравствена состојба предходно било приклучено на апарати. Како што информираше од МВР момчето пред десет дена било нападнато од три лица против кои е поднесена кривична пријава. Тие на 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје.
„По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор” наведуваат за случајот од Министерството за внатрешни работи.