Реклама
Вирално

На овие дами им се поклонуваме до земја затоа што се соблекоа во костими за капење и гордо ни покажаа дека имаат стрии и целулит

Реклама

По ова сите ќе шетаме на плажа во бикини со подигнати глави

Во модните магазини најчесто можеме да видиме дами без ниту една несовршеност на нивното тело, иако сите знаеме дека во вистинскиот живот сите тие изгледаат многу поразлично. Нивната кожа во едиторијалите е совршена, како на лицето, така и на целото тело, без нити една неправилност и мана, а на повеќето луѓе денес им е јасно дека тоа е така само благодарение на Фотошоп. Но и покрај тоа се уште не можеме да го отстраниме впечатокот дека поради нив ниту една од нас не е „доволно совршена“.

Маркетинг

Модниот бренд „Boohoo“ одлучи да престане со таквата пракса и покрена вистинска мала револуција во светот на модата. Имено, тие на рекламите за своите колекции на костими за капење објавуваат слики од фото-модели кои намерно не се преработени во Фотошоп. Тие гордо објавија слики на кои се жени со стрии и „несовршени пропорции“ кои најверојатно НЕМА да ги видите во другите реклами од ваков тип. Фотографиите предизвикаа бројни расправии на социјалните мрежи, а реакциите се и повеќе од одлични.

Маркетинг

Многу луѓе ги пофалија овие фотографии бидејќи конечно некој се сети да прикаже како изгледаат вистинските жени, без фотошоп и додавање на специјални ефекти. Многумина напишаа дека се надеваат дека и другите модни брендови ќе тргнат по истиот пат како и „Boohoo“ поради кои денес многу жени се со поголема самодоверба и послободно се шетаат на плажа во своите костими за капење.

Сепак, убавината доаѓа во најразлични облици и форми, па крајно време е тоа и да го прифатиме, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button