Најгрдите патики што сме ги виделе досега – откако се појавија на Интернет никој нема милост за нив
Ова се најгрдите патики што сме ги виделе досега
Познатиот бренд „Dsquared2″ е еден од последните во низата што на своите полици пласираше откачени обувки. Овој пат станува збор за патики-сандали со високи потпетици. Беа претставени на машката модна недела во Милано и веднаш беа оценети како најгрдите обувки на настанот.
https://www.instagram.com/p/BkLooRZgYHe/?utm_source=ig_embed
Тие претставуваат спој од патики и чевли со претерано високи потпетици, а токму така и се наречени – „Giant Heels“. На официјалната страна на брендот фотографијата досега собра речиси 40.000 лајкови, но и шеговити коментари и бројни критики за дизајнерите на ваквиот модел.
Најпрво сите мислеа дека станува збор само за маркетинг, но патиките ќе се продаваат и тоа не по ниска цена.