Личностите родени во хороскопскиот знак Јарец се сериозни и не се претерано дружељубиви. Тие не сакаат да зборуваат со другите во врска со нивните проблеми, ниту пак сакаат премногу често да бараат помош. Тврдоглавоста и упорноста им се примарни особини.
Во суштина, Јарецот е храбар, но кога ќе дојде до расправии, тој сака проблемите да ги решава на мирен и дипломатски начин. Во љубовта, Јарците се практични и не покажуваат многу чувства, поради што изгледаат ладно и незаинтересирано. Сакаат да работат, но не знаат правилно да располагаат со своите пари. Тие се многу самостојни и знаат како да уживаат во самотијата.
Упорни се и вредни, па често се занимаваат и со работи кои им носат задоволство, но не и пари. Немаат многу самодоверба, па сакаат да се изолираат од светот. Склони се кон болести на коските и некое мистично лудило. Омилени бои им се сивата и плавата. Некои од познатите личности родени во овој хороскопски знак се Џек Лондон, Пол Сезан, Жан Батист Поклен Молиер…