Оваа кратка и мудра приказна ќе ви покаже дека погледот на светот зависи само од вас и од вашите размислувања.
Ако прашате некоја мува дали во околината постои цвеќе, таа ќе ви одговори:
Маркетинг
– Не сум видела никакво цвеќе. Но затоа ѓубре има премногу!
И тогаш мувата ќе почне да ги набројува сите гнасни места каде што била.
Маркетинг
Ако прашате некоја пчела дали видела каква било нечистотија во нејзината околина, таа ќе ви одговори:
– Нечистотија? Не, никаде не сум забележала. Овде има толку миризливи и прекрасни цвеќиња.
Мувата и на најубавата и најрасцветаната ливада ќе пронајде едно гнасно место и ќе слета на него. Додека пак пчелата секаде ќе пронаоѓа цвет и од него ќе собира нектар.
Поука: Секогаш го пронаоѓаме она што го бараме!
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .