Никој не можеше да ги погледне во очи: Овие две дами се појавија со најпровокативните деколтеа на венчавката на Пријовиќ
Бројни познати ѕвезди од регионот се појавија на свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Што се однесува до стилот и комбинациите на прв поглед сите гостинки на венчавката изгледаа разголено и провокативно, а покрај голите нозе во преден план беа и жешките деколте на кои никој не може да остане рамнодушен.
Тука пред се мислиме на провокативната креација што ја носеше Јелисавета Орашанин, сопругата на Милош Теодосиќ, кој беше кум од страна на младоженецот, и која ни ги сервираше необичните прорези и ленти на градите, голиот стомак и длабокиот шлиц.
Покрај Јелисавета високо на листата меѓу најсексапилните дами беше и пејачката Николина Ковач која на венчавката исто така „долета“ со деколте од милион долари поради кое никој не можеше да ја погледне во очи.