Честитката која Џони Кеш ја напишал за својата сопруга е прогласена за најубаво љубовно писмо на сите времиња. Инаку, писмото е напишано во 1994 година, честитајќи ѝ го роденденот ја својата сопруга.
„Среќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Еден на друг си ги читаме мислите. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш малку си одиме на нерви. Понекогаш можеби еден за друг се сфаќаме буквално. Но понекогаш, како денес, размислувам и ми станува јасно што животот го поминав со најдобрата жена која сум ја запознал. Уште ме фасцинираш и инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главна причина поради која постојам. Те сакам.
Среќен роденден, принцезо
Џон.“
Кој не би посакал вакво искрено изразување на љубовта?!