Реклама
Шопинг

Овој тренд повторно го освојува светот – го обожаваат и многу девојки од Македонија!

Реклама

Таканарачениот „gingham“ дезен, односно дезенираните минијатурните квадратчиња беа хит и минатата сезона, а според она што можевме да го видиме на модните писти, но се почесто и на улиците во нашите градови, овој дезен ќе биде хит и во следниот период.

Што се однесува до самото име „gingham“ тоа најверојатно потекнува од градот Генган, град во северозападната француска регија Бретања.

Маркетинг

Според некои извори името во англискиот јазик доаѓа од холандскиот, а она што е со сигурност познато е тоа дека ткаенината во Европа е увезена во 17 век и тоа најпрво со ригест дезен, но со тег на време пругите биле заменети со препознатливите квадратчиња.

Маркетинг

Од средината на 18 век ткаенината се бојадисувала во квадратчиња, најчесто во сино-бели, а Французите овој дезен го нарекуваа и „vichy“, по градот Виши. Во 60-тите години овој дезен го носат претставниците на супкултурното движење „mods“ кое се појави во Лондот, а потоа се рашири и на останатите земји, вклучувајќи ја и Југославија. Потоа тој долго време беше заборавен на модната сцена, се до пред неколку сезони, кога повторно се врати на голема врата.

Според модните магазини популарните квадратчиња би можеле да бидат еден од најпопуларните дезени за оваа сезона, па во продолжение погледнете ги најубавите парчиња со кои ќе внесете свежина во плакарите.

Adeam

Alexa Chung

Bottega Veneta

Caroline Constas

Caroline Constas

Clu

Diane Von Furstenberg

Повеќе модели погледнете во галеријата на почетокот од текстот …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button