Реклама
Вирално

Македонците од грчкото село Нивици (Псаридис) се плашат Македонија да не си ја врати територијата од пред Букурешкиот договор?

Реклама

Еве што се случува во селото Нивици каде утре премиерите на Македонија и Грција ќе треба да го потпишат историскиот договор.

Договорот меѓу Скопје и Атина ќе се потпише во преспанското село Нивици или Псаридис на грчки. Во селото има само 60-тина жители и речиси сите зборуваат или барем разбираат и грчки и македонски јазик, иако некои не сакаа јавно да зборуваат пред камерите на телевизија 21. Што се однесува до утрешниот настан, локалото население има поделено мислење – едни се надеваат дека се работи за историски момент и проблемите околу спорт за името на Република Македонија конечно ќе бидат решени, додека други се плашат дека Македонија ќе си ја врати територијата како пред Букурешкиот договор пред повеќе од 100 години кога целиот географски регион бил поделен на четири дела.

Маркетинг


Инаку, токму оваа област околу преспанското езеро е одбрана за потпишување на билатералниот договор затоа што местото има историско значење за Македонија уште од времето на Народно ослободителната војна и АСНОМ.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button