Реклама
Наши ѕвезди

Еве што се ќе добие Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа

Реклама

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа официјално на 6 јуни во Истанбул по 10 години брак

Како што пренесуваат турските медиуми, српската пејачка ќе добие значаен дел од парите по разводот од сопругот. Како што пренесуваат тие, Мустафа ќе и остави две третини од приходот по продажбата на нивната луксузна куќа во Истанбул. Се шпекулира дека станува збор за некаде околу 3 милиони долари. Покрај тоа ќе и купи нова куќа во Србија која би чинела некаде околу 250 илјади долари, а и ќе и дава алиментација месечно од 15 илјади турски лири, односно 2800 евра. Мустафа исто така ќе плаќа и околу 1000 евра месечно за секое дете, односно синовите Јавуз и Јаман.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BiuHZwQHuHd/?taken-by=yaemina

Тој финансиски ќе го покрие и нивното образование, односно годишно околу единаесет илјади евра, а се шпекулира и дека на Емина ќе и купи нов автомобил кој ќе чини некаде околу педесетина илјади евра.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button