Биковите се познати по тоа што тежнеат кон вистинска љубов, уживаат во семејни собири, опуштена атмосфера, сакаат романтична вечера. Биковите се топли, чувствителни и љубезни. Многу се приврзани кон своите родители и децата, а исто така сакаат и животни. За нив рај и идеално место е мирниот семеен живот. Ако сакате да се впуштите во сериозна врска со некој Бик, тогаш мора да се вклопувате во оваа слика.
Во љубовта Биковите целосно се посветени на својот партнер и постои можност токму поради саканата личност да ги занемарат другите работи околу нив. Топлината која Бикот ја внесува во врската потсетува на пријатно семејство и традиционални вредности. Што се однесува до нивната верност, Биковите никогаш нема да изневерат толку лесно.
Партнери со кои најмногу си одговараат:
Рак. Кога ќе се спојат рак и Бик, тоа обично завршува со венчавка. Биковите, како и Раковите, се приврзани кон семејството и се длабоко чувствителни.
Риба. Слатка и романтична комбинација, затоа што главните одлики на Бикот се присебноста и цврстината, а на Рибата нежноста и чувствителноста. Поради разликите во темпераментот, совршено се надополнуваат и точно знаат што ѝ е потребно на другата личност.