Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Праски, банани, ананас – овошја кои ќе ви помогнат вашата кожа да заблеска!

Реклама

Тајната за сјајна и здрава кожа се крие во природните препарати. Секако, сите знаеме дека негата е клучна за нашиот тен. Но, не мора да значи дека треба да истрошите еден куп пари на скапи препарати, туку едноставно може да ги користите даровите од природата. Еве кои овошја може да ви помогнат во остварувањето на вашата цел – здрава и блескава кожа.

Праски

Праските помагаат во чистењето и тонирањето на кожата, а ги затегнуваат и мускулите. Само излупете ја праската и со внатрешната кора нежно масирајте го вашето лице. Уште веднаш ќе почувствувате како ви се затегнува кожата.

Ананас

Ананасот има одличен ефект на кожата. Не само што ја чисти и ја прави помека, туку исто така помага и при сува кожа. Земете едно парче ананас и втријте го во кожата додека се туширате, па веднаш ќе се почувствувате посвежо.

Маркетинг

Банани

Бананите се одлични за чистење на лицето и ви помагаат при негово затегнување, но и ја негуваат сувата кожа. Изгмечете една банана и нанесете ја на вашето лице како маска. По само неколку минути ќе почувствувате како кожата ви станува позатегната и посјајна.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button