Реклама
Стил

Ова парче сите го имаме во плакарите, а на модни блогерки им е омилено во топлите летни денови

Реклама

Не знаете што да облечете?

Па, ние ви предлагаме комбинации кои можете да ги базирате на едно парче што сите го имаме во плакарите

Маркетинг

Да, во прашање е добрата стара бела кошула која можете да ја носите на милион различни начини. Се што треба да направите е максимално да се опуштите, да заборавите на досадните правила и да си поиграте со трендовите. Ако и додадете тенко ременче на половината и доволно ја откопчате така што ќе ви падне од едното раме, ќе постигнете извонредно женствен изглед со кој можете да го решите проблемот со превисоките температури и протокот на воздухот, а повторно ќе изгледате како да сте манекенка на модна писта.

Маркетинг

Или позајмете ја омилената бела кошула од вашиот сакан и носете ја како фустан, со рамни сандали или на платформа, но и со некои откачени папучи кои исто така можат да изгледаат мошне откачено во вашата комбинација.

Доколку не се чувствувате сигурни поради должината на кошулата и се плашите да не покажете премногу, под кошулата облечете шорц и ќе го решите проблемот.

И не заборавајте – белите кошули се одличен избор и за на плажа. Облечете ја преку вашиот омилен костим за капење, комбинирајте со тренди сандали или папучи и ќе го постигнете оној изглд типичен за модните блогерки.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button