Реклама
BEAUTYНега и здравје

3 работи кои треба да ги знаете ако страдате од алергија

Реклама

Денес алергиите се голем проблем и од нив патат многу луѓе. Иако се знае многу за нив, сепак, некои работи и понатаму остануваат необјаснети. Еве кои работи треба да ги имате предвид ако и вие страдате од некоја алергија.

Не бидете самите свој лекар

Многумина мислат дека се алергични на различни работи, но тоа не мора да биде вистина. Најдобро е да отидете кај лекар експерт, за да откриете на што навистина сте алергични. Ако самите глумите свој лекар, тогаш само може да си ја влошите ситуацијата.

Бидете внимателни со лековите

Некои луѓе имаат навика да земаат вообичаени лекови против алергија, но истите не секогаш помагаат. Лековите се индивидуална работа, па би било добро да се посоветувате со лекар и заедно да одлучите што најмногу ви одговара на вашата состојба.

Маркетинг

Лекувајте се навреме

Иако се свесни дека имаат алергија, многу луѓе не почнуваат со лечење на време, па непријатните симптоми уште повеќе им се влошуваат. Не дозволувајте си такво нешто, затоа што ситуацијата потешко се поправа кога веќе еднаш тргнала во погрешна насока.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button