Летниот фустан од Зара кој Кејт Мидлтон го купи за само 69 долари веќе е распродаден
Фустанот од Зара кој чини само 69 долари Кејт го носеше во недела претпладне, а во понеделник веќе беше распродадени низ сите продавници
И покај тоа што во своите плакари има безброј модели од најпознатите светски дизајнери, војвотката од Кембриџ не бега ни од хај-стрит брендовите, а меѓу омилените и е шпанската Зара. Таа заедно со децата, преслаткиот принц Џорџ и принцезата Шарлот се појави на хуманитарниот настан во натпревар во поло под името „Maserati Royal Charity Polo Trophy“ на кој настапи и принцот Вилијам.
Кејт уживаше во тревникот со своите деца, а целиот свет беше воодушевен од нејзиниот преубав летен фустан со голи раменици што го носеше со тренди еспадрили со полна пета на кои им е верна веќе со години.
Па, дали ви се допаѓа ова летно издание на војвотката?