Боросана го прослави својот 50 роденден
Во шеесеттите години на минатиот век, во поранешна Југославија, во фабриката Борово тим професионалци создадоа обувки наменети за жени. Овие обувки тие ги крстија Боросани и тоа беа првите обувки направени во соработка со ортопеди. На почетокот ги носеа хигиеничарки, келнерки, тетките што работеа во продавниците и самопослугите, медицинските сестри односно сите Југословенки кои на работа многу време поминуваа во стоење и одење.
Првата Боросана беше произведена во сина боја, а веќе следната година нејзиното производство досегна преку 200 илјади парчиња. Во 70-тите и 80-тите Боросаните го доживуваат својот максимум – годишно се произведуваат околу половина милион парчиња, а се продаваа со слоганот кој некои и денес го памтат. „Рад је одмор цијелог дана у обучи Боросана“ и „Ако није Борово није Боросана“.
Оваа година, во чекор со модата, обувките Боросана го слават својот 50 роденден со пет нови модели со весели дезени кои се украсени со точки, риги и ластовички. Тие се функционални и удобни, а во исто време и мошне тренди особено за вљубеничките во „ретро“ трендовите.