Добро е познато дека појадокот е најважниот оброк во денот затоа што го поттикнува метаболизмот и на организмот му ја даваат потребната енергија. Сепак, многумина уште не го јадат појадокот од различни причини.
Доколку и вие сте помеѓу нив, можеби оваа навика ќе ви се промени откако ќе го прочитате ова.
Според Дејли Мејл, прескокннувањето на појадокот во устата остава бактерии кои инаку би ги истерале со храната. Ако не го консумирате појадокот, вие имате една од најлошите навики кои предизвикуваат лош здив и ви оставаат усна шуплина полна со бактерии.
Уште повеќе бактерии би можеле да настанат доколку за појадок одберете житарки со шеќер. Наместо тоа, изедете некое овошје и пијте вода. На овој начин најефикасно ќе ги отстраните бактериите од устата.