Објави фотографија само 12 дена откако се породи и предизвика револт на социјалните мрежи
Сопругата на актерот Алек Болдвин пред две недели го роди своето четврто дете, а судејќи според фотографиите од пред и по раѓањето, 34 годишната мама изгледа како воопшто да не била бремена.
Но со коментарот што го остави инструкторката по јога под фотографиите изнервира многу припаднички на понежниот пол, особено затоа што промовира нешто што не е реално и остварливо за сите жени.
„Секое тело е различно, но верувам дека секогаш придонесува да бидете во форма, колку е тоа можно подолго. Постоеја многу моменти, за време на бременост, кога не сакав да вежбам, но морам самата да се мотивирам. Упорноста ми помогна бидејќи секое тело бара внимание и движење“.
https://www.instagram.com/p/BjcydfNhtVt/?utm_source=ig_embed
„Вежбите исто така се многу важни за циркулација, за вашето здравје, среќата и силата. Вчера и самата конечно почнав повторно да вежбам – полека и смирено, ништо диво. Секое пораѓање е поинакво, а вашиот доктор ќе ви даде најдобар совет кога можете да започнете. Кога ќе добиете зелено светло, бидете внимателни“ напиша под своите две фотографии Хиларија Болдвин на кои позира само неколку дена пред да се породи и 12 дена откако го роди своето четврто дете. И додека едни и честитаа на упорноста и храброста, давајќи и комплименти дека изгледа совршено, другите ја нападнаа дека промовира нереални цели само неколку дена откако се породила. Тие се револтирани затоа што промовира нешто што не може да го прави секоја жена и покрај тоа што во коментарот стои дека секое тело е различно и дека е најдобро пред да се почне со вежбање, да се слушне советот на докторот. Но очигледно тоа не беше доволно …