Нашиот организам совршено добор знае дека во врелите денови не му треба тешка и мрсна храна, затоа што за нејзино варење мора да вложи дополнителен напор кој особено во овој период од годината ни малку не му годи.
Еве неколку совети од нас кои ќе ви помогнат да го добиете телото кое го посакувате, без да вложувате многу напор.
Отфрлете ги мастите
Кога надвор е жешко, избегнувајте да внесувате тешки маснотии. Посегнете по порција салата и свежо овошје. Доколку сакате месо, оставете го за пред вечерата, а не за ручек. Но, потсетете се дека од последниот оброк па до времето кога треба да отидете во кревет, треба да поминат најмалку три часа.
Диета со јаболка
Оваа диета трае три дена и можете да изгубите до 2 килограми. Околу 2 килограми свежи јаболки поделете ги на пет морции. Тие мора да се јадат во необработен вид, а од нив можете да направите салата.
Диета со морков
И оваа диета треае три дена и со неа можете да изгубите до 3,5 килорами. Изрендајте неколку моркови, додајте сок од лимон, а по желба и малку мед, но максимум една супена лажица дневно. Оваа салата смее да се јаде во неограничени количини.
Диета со лубеница
Оваа диета трае два дена и можете да изгубите од 2 до 3 килограми. Дневно јадете околу 1,5 килограм лубеница и ништо повеќе, освен секако вода и незасладени чаеви.