Мајката на Меган Маркл до крајот на животот ќе мора да живее под строги и бизарни правила
Дорија Регланд како мајка на војвотка од кралското семејство доби мошне ригорозни правила за тоа што смее во иднина да прави, а што не. Нејзе и е забрането во било кој контекст да зборува јавно за својата ќерка, Меган Маркл, а како што откриваат британските медиуми Дорија поради тоа на венчавката изгледаше болно и очајно. Ситуацијата за неа е премногу тажна и тоа може да се прочита на нејзиното лице вели извор близок до кралскиот двор за RadarOnline.
https://www.instagram.com/p/BjVMepoh4F6/?utm_source=ig_embed
Од друга страна се шушка и дека нејзиниот татко Томас веднаш по венчавката почнал да бара огромни суми пари. Според изворите Меган воопшто не го ни прашала својот татко за што му требаат парите, туку веднаш го одбила, а тука е и драмата со нејзината полусестра, Саманта Маркл. Таа неодамна ја обвини Дорија дека се обидела да профитира од венчавката со нејзиното гостување во Опра за огромни пари, што беше докажано дека е ноторна лага.