Позната дизајнерка блокирана на Твитер откако изјави дека венчаницата на Меган е потполно идентична со нејзината креација
Емилија Викстед, омилената дизајнерка на војвотката од Кембриџ, минатата недела изјави дека венчаницата на Меган Маркл е идентична со една венчаница од нејзините колекции. Сега нејзиниот Твитер е блокиран и сите се прашуваат зошто е тоа така.
Новозелендската дизајнерка со лондонска адреса, Емилија Викстед која тврдеше дека венчаницата на Меган е потполно идентична со една од нејзините креации, остана без својот профил на Твитер кој мистериозно исчезна.
Таа минатиот викенд коментираше дека фустанот од 200 илјади фунти што го носеше војвотката од Сасекс е идентичен на еден од нејзините фустани кој чини 7000 фунти, со што е 28.5 пати поевтин од венчаницата на „Givenchy“.
По нејзината изјава, како и тврдењето дека венчаницата на Меган беше лошо скроена поради што изгледаше преопуштено, јавноста ја нападна, а Твитер беше преплавен од негативни коментари. Многумина сметаа дека нејзините изјави се непристојни и непрофесионални, како заради тоа што го критизира работењето на нејзината колешка Клер Вејт Келер од француската модна куќа „Givenchy“, така и затоа што со години работи за кралското семејство.
„Венчаницата на Меган е идентична со една од нашите венчаници. Наводно многу луѓе коментираа: ’Тоа е фустанот на Емилија Викстед’“, кажа по кралската венчавка новозеландската дизајнерка.
Emilia Wickstead
„Ако избереш едноставен дизајн, фустанот мора совршено да ти стои. Нејзината венчаница беше поприлично опуштена“, изјави Виксет на која не и се допадна ни фризурата на Меган. „Си мислев – Меган требаше да ги затегне малце тие прамени. Па тоа е кралска венчавка, нели?“.
Многумина се прашуваат дали Кејт Мидлтон по ова повторно некогаш ќе реши да облече креација од новозеландската дизајнерка, бидејќи се дрзнала да го критикува новиот член на кралското семејство, додека други сметаат дека Викстед требала директно да се обрати до модната куќа „Givenchy“ наместо јавно да ги обвинува за кражба.
Некои пак ја ископаа и изјавата на дизајнерката во која што пишува дека во креирање на венчаницата била инспирирана од фустанот на „Givenchy“ што Одри Хепберн го носеше во 1954 година во филмот „Сабрина“.