Холивуд

Меган Маркл во „необичен“ фустан со потписот на еден од омилените брендови на Кејт Мидлтон

Advertisement

Меган Маркл на забавата на принцот Чарлс се појави во префинет фустан од британскиот бренд „Goat“ којшто го обожава и Кејт Мидлтон.

Advertisement

Иако Меган на забавата на принцот Чарлс на која што тој го прослави својот 70 роденден се појави во издание со кое многумина разочара, фустанот што го носеше сепак беше распродаден со брзина на светлината.

Во прашање е британскиот бренд што го обожава и Кејт Мидлтон, а зад кој стои дизајнерката Џејн Луис.

Advertisement

Кејт Мидлтон во фустан од „Goat“

Џејн на почетокот на својата кариера дизајнираше исклучиво парчиња од кашмир, но полека го ширеше својот бренд кој денес нуди разнобразна понуда од елегантни парчиња, но кои истовремено се лесни за носење.

Кејт Мидлтон во здолниште од „Goat“

Фустанот што го носеше војвотката од Сасекс и покрај неговата висока цена (околу 800 долари) беше распродаден за само неколку часа откако се појавија првите фотографии. За разлика од Меган, Кејт Мидлтон прв пат е забележана како носи парчиња од брендот „Goat“ пред четири години, а и за нејзината бременост често носеше безвременски креации на овој лондонски бренд.

Исиот го обожаваат и девојките како Викторија Бекам, Лана дел Реј, Сиена Милер и Гвинет Палтроу, но ниту една од нив не го прослави како убавата Меган на која модните критичари и налепија етикета на нова модна икона.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button