Познатата шпанска актерка изгледа одлично и кога носи фармерки во кои ретко ја гледаме
Пенелопе Круз (44) деновиве беше во посета на Кан каде го промовираше нејзиниот најнов филм. Таа секојдневно на црвениот килим се појавуваше во најразлични тоалети, а овој пат имавме прилика да ја видиме во фармерки, и тоа на хуманитарниот настан „Uno Entre Cien Mil“.
Во прашање е шпанска невладина организација која што ја подига свеста за леукемија и помага да се истражи болеста во детскиот период. Убавата актерка со шпански корени чиј акцент го обожаваме во американските филмови за настанот избра фармерки-ѕвонарки кои што ги носеше со две мошне скапи парчиња – бела ретро кошула со црни точки и бело сако – и двете парчиња се со потписот на луксузната модна куќа Диор. Но и кошулата и сакото паднаа во втор план поради фармерките кои и стоеја одлично додека Круз целото издание го заокружи со црни шпиц високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/BjNt_PpFyvx/?utm_source=ig_embed