Викторија Бекам во шик деловно издание
Британската дизајнерка беше видена пред познатиот лондонски ресторан за кој ексклузивно ја дизајнираше терасата по повод кралската венчавка на годината, а нејзиниот стајлинг што го избра тој ден и овој птт не можеше да остане незабележан. Таа иако беше критикувана од страна на модните критичари дека поради недоволно впечатливиот и помалку досадниот стајлинг кој го носеше на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, кога ќе го погледнете нејзиниот стил едно е сигурно, Викторија е кралица на деловните комбинации па дури и да се појавеше таква и на кралската венчавка најверојатно немаше никој да и замери.
Таа овој пат носеше смарагдно зелен костум со потписот на нејзиниот бренд составен од елегантно сако без копчиња и долги „палацо“ панталони.
Костумот го носеше со елегантна бела кошула и високи потпетици на платформа кои целосно беа покриени од широките панталони, додека целото издание дополнително го „подигна“ со големи очила за сонце и чанта во боја на коњак која исто така е со нејзиниот потпис.