Кога станува збор за млечните производи, козјото млеко спаѓа во најздравите намирници. Составот на ова млеко има најголема сличност со мајчиното млеко.
Очигледно тоа го знаеле и старите народи, со оглед на тоа што се препорачувало за зајакнување на имунитетот, лечење и зајакнување на белите дробови, како и против туберкулоза. Исто така го намалува и ризикот за појава на карцином на белите дробови, а може да го пијат и дијабетичарите.
Козјето млеко содржи витамин Б1, Б2, Б6, Б12, важни за зајакнување на нервниот систем, а има и 47% повеќе витамин А во однос на кравјото млеко, а исто така има и 134% повеќе калиум.
Козјото млеко делува и противвоспалително, а истовремено ја регулира и пореметената функција на цревата. Единствен негов проблем е тоа што има карактеристичен мирис и вкус, благодарејќи на слободните масни киселини кои ги поседува. ВО секој случај, тој има нутритивни и здравствени предности, поголеми во однос на кравјото млеко. Токму поради полесното варење, особено им се препорачува на постарите личности.