Комбинација за секоја пофалба: Џенифер Лопез во издание во какво ја немаме видено досега
И повторно изгледа шик!
Џенифер Лопез на својот настап во рамките на доделувањето на Билборд наградите изгледаше феноменално. Имено, таа овој пат носеше посебна комбинација многу поразлична од она во кое што досега сме ја гледале.
Пејачката на почетокот се појави во раскошен, светкав корсет и широки панталони, но нејзината втора модна метаморфоза стана предмет на дискусија на многу модни портали. Таа носеше костум во бела боја составен од широки панталони, сако и кошула со вратоврска.
https://www.instagram.com/p/BjCHcyFBSrS/?utm_source=ig_embed
Во стилската игра вклучени е и шешир, како и црни чизми и ракавици додека целото издание го зачини со впечатливи дијамантски нараквици и обетки.
https://www.instagram.com/p/BjCNHc4Fwr4/?utm_source=ig_embed
Па, што велите за ова ганстерско издание на Џенифер?