Ова бикини се еден од најпопуларните трендови за ова лето – дали имате храброст да ги пробате?
Во изминативе неколку сезони трендовите за костимите за капење стануваат се посмели и поинтересни. Овој пат во фокусот ни се моделите кои во долниот дел се подигнати така што ги откриваат колковите.
Ваквиот ризичен стил најпрво беше прикажан на Модната недела во Австралија и веднаш стана хит во целиот свет. На пистата ги претстави провокативниот бренд I.AM.GIA чии дизајни ги носат ИТ девојките од целиот свет. Овој пат манекенките покрај костими за капење носеа и јакни и високи чизми, а што се однесува до самиот тренд со костими за капење со високи подигнати долни делови – тие не беа единствените што го „фураа“ овој провокативен тренд.
Трендовите на костимите за капење во последно време се посериозно ги зимаат во предвид своите бразилски колеги кои секогаш беа одвај прифатливи.
Па така минијатурните G-string бикини се уште се популарни бидејќи жените се повеќе ги напуштаат традиционалните модели во корист на споменатите стилови.
Бикините со горен дел во форма на триаголник се секогаш сигурна варијанта, но оваа сезона основното правилото е – или подигнете ги или одете си дома!