Како ќе изгледа венчаницата на Меган Маркл е прашање кое сите си го поставуваат откако и официјално беше запросена од британскиот принц Хари.
Она што со сигурност можеме да кажеме е дека фустанот ќе биде направен специјално за неа, но кој ќе биде дизајнерот досега никој со сигурност не можеше да каже, иако постојано се вртат неколку исти имиња.
Имено, според Сусан Коутнер која стои зад блогот „What Meghan Wore“ идната принцеза најверојатно ќе носи фустан од Роланд Мурет бидејќи помеѓу познатиот француски дизајнер и Меган има големо пријателство. Неговото седиште е во Лондон, така што тој и тоа како е способен да го создаде фустанот од соништата на идната принцеза.
Од друга страна Кејт Мидлтон на својата венчавка носеше фустан од Сара Буртон за модната куќа „ Alexander McQueen“ па Меган најверојатно нема да го избере истиот бренд, а и само еден ден пред венчавката, при посетата на кралицата Елизабета II, таа носеше креација од Роланд, така што голема веројатност е и венчаницата да биде од него.