Холивуд

Познатата актерка на Инстаграм ја обвинија дека се дрогира откако ја видеа без шминка

Advertisement

Младата актерка Бела Торн откако објави фотографија на Инстаграм на која нема шминка многумина ја обвинија дека се дрогира.

Advertisement

Откако 20 годишната актерка Бела Торн на својата официјална страна на Инстаграм објави фотографија на која позира во минијатурен костим за капење и без грам шминка на лицето, па и се гледа заморот и лошиот тен, многумина веднаш ја обвинија дека почнала да се дрогира.

Бела им одговори на сите кои неосновано ја обвинија за земање тешки дроги дека само е изморена од работа, нема шминка и дека има проблем со тенот. Таа додаде и дека го смета за одвратно тоа што некои без да размислуваат веднаш прибегнуваат кон тешки неосновани обвинувања. Таа ја искористи приликата и им порача на сите што оставаат негативни коментари дека треба да размислат за тоа што го зборуваат и да се обидат да се сетат дека иако станува збор за социјални мрежи, сепак зборуваат со вистински луѓе, па татково однесување е недозволиво.

https://www.instagram.com/p/Bi2jp5glbam/?utm_source=ig_embed

 

Но не е се така црно –негативните коментари беа многу помалку од позитивните кои и порачаа дека изгледа прекрасно и без шминка.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button