Новата сезона ни носи нови трендови, а ова видео е совршена комбинација со најбараните стилови, облици и бои на коса што ќе бидат популарни во следниве неколку месеци.
Модата едноставно не оди без убавина, а модните трендови секогаш ги следат и цела палета од нови бјиту трикови, од шминка до фризури, кои покрај облеката се исто така еден од најважнио9т елемент во изгледот. И додека кај фризурите горе-долу се е веќе видено, боите претставуваат многу поинтересен дел од приказната, а тоа можеме да го видиме и од следното видео кое претставува компилација од најтрендовските фризури и бои за 2018. Инстаграм секако дека има големо влијание во целата оваа приказна, па така експериментните нијанси како сива и розова станаа вистински хит, а дали нешто од тоа ќе ви се допадна, па можеби и да ве натера да направите некоја промена, одлучете откако ќе ја изгледате оваа компилација преполна со генијални идеи.