Голема, неопислива љубов…
На светскиот ден на мајките многу познати личности на социјалните мрежи објавија слики со своите мајки. Меѓу нив и Емина Јаховиќ која и овој пат успеа да ги разнежи своите обожаватели со коментарот што го напиша под фотографијата, а кој беше наменет за нејзината мајка.
https://www.instagram.com/p/Biwobx9n2ML/?utm_source=ig_embed
„Ти благодарам мајко што не заштити. Нас.. тројцата. Ти благодарам за преданоста и љубовта. Продолжи да се смееш и да ме држиш во твоите прегратки“, порача пејачката.
Само да се потсетиме, Емина последните неколку месеци е во центарот на вниманието поради одлуката да се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал со кого 10 години беше во брак. Главна причина за нивниот развод не е неверство, како што пишуваа медиумите, туку тоа што во нивниот однос исчезнала љубовта, па одлучиле дека повеќе нема смисла да бидат заедно. Тие и понатаму ќе останат пријатели, а што се однесува до старателството, како што вели Емина во интервјуто за Hello, тоа никогаш не го довеле во прашање бидејќи на децата местото едноставно им е покрај мајката.
адсдас