Ваквите модели се вистински хит оваа сезона
Гломазните патики што најчесто ги носевме во теретана или додека трчаме на кеј во последните неколку сезони од традиционалната спортска опрема преминуваат во светот на високата мода. Па така денес овие модели важат за еден од најпосакуваните трендови па дури и кога се во прашање нашите вечерни или деловните изданија.
Ваквите робусни патики најмногу ги обожаваат генерациите „Y“ и „Z“, особено поради иновативните технологии со кои се направени денешните тренди модели.
Кошаркарот Џејмс Леброн во Nike
Рита Ора
Имено, нивниот ѓон е анатомски обликуван, а на пр. во моделот „HyperAdapt“ од „Nike“ вградени се и воздушни перничиња и направени од синтетичко плетиво кое го обвиткува стапалото како втора кожа.
Хејли Болдвин
Копчињата се затвораат со притисок на петата на сензорите сместени во овој дел од ѓонот, а некои нивни делови се произведуваат со 3Д принтери.
Ким Кардашијан
Но и покрај ваквите бројни спортски карактеристики кои се совршени за физички активности овие патики се почесто можеме да ги видиме и на улиците во елегантните, секојдневни па и вечерни изданија на нашите девојки.
Рита Ора
Покрај комбинациите со цветни фустани и деловни костуми можеме да ги видиме и на црвениот килим како најчесто ги носат познатите актери и пејачи, а некои од нив дури и ги креираат во соработка со познатите брендови (Ријана за „Puma“ или Фарел Вилијамс за „Adidas“).
Fenty by Rihanna x Puma
Од друга страна и најпознатите луксузни модни куќи имаат свои модели кои понекогаш се толку екстравагантни што воопшто не се практични за носење.
Кендал Џенер
Но и покрај тоа тие се вистински хит, а совршен пример за тоа е новиот модел од „Louis Vuitton“ чиј ѓон „стрчи“ од стандардните рамки, па мораме да бидеме внимателни да не се удираме додека ги носиме.
LOUIS VUITTON
Манекенката Елса Хоск во Nike Air Max 95
Adidas Pharell Williams – материјалот е изработен со Flyknit технологија
DIESEL
ADIDAS BY RAF SIMONS – OZWEEGO III
BALENCIAGA – SUPER S
KIKO KOSTADINOV X ASICS – GEL-BURZ 1’
LOUIS VUITTON – ARCHLIGHT
NIKE – AIR MAX 95
NIKE – AIR MAX 95
NIKE – AIR VAPORMAX MOC 2
PRADA – CLOUDBUST
STELLA MCCARTNEY – ECLYPSE
VETEMENTS + REEBOK – INSTAPUMP FURY LOW-TOP
VETEMENTS + REEBOK – INSTAPUMP FURY LOW-TOP
Повеќе модели погледнете во галеријата на почетокот од овој текст.