Млада Французинка која никого не остава рамнодушен
Тајлен Блонду која во 2011 беше прогласена за најубава девојче на светот ја продолжи својата успешна модна кариера, а нејзиното појавување на црвениот килим во Кан предизвика големо внимание.
https://www.instagram.com/p/Bim2jB_hhxm/?utm_source=ig_embed
Имено, симпатичната 17-годишна Французинка која порасна во преубава тинејџерка на црвениот килим се појави во раскошен и по малку готски црн фустан без прерамки со потписот на познатиот италијански бренд „Alberta Ferretti“.
Таа во ова издание доби само пофални зборови, а ништо помалку успешни не беа и нејзините кежуал комбинации со кои се прошета низ Кан во текот на денот.
Инаку, таа прв пат на модните писти се појави кога имаше само 4 години и тоа на ревија на Жан Пол Готје, а покрај бројните ангажмани што го добива денес може да се пофали и со 2.1 милион обожаватели на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BhKkS92hHY4/?taken-by=thylaneblondeau